
TYLOLHOT
Олеснете ги симптомите на настинка и грип со Tylol Hot / Симптоматски третман на грип
Тајлол Хот е вашето решение за олеснување на симптомите на настинка и грип обезбедувајќи брзо олеснување при болка, главоболка, затнат нос, проблеми со синусите и намалување на треска.
За најдобри резултати, растворете една кесичка во топла вода, добро промешајте и пијте додека е топла. Повторете на секои 6-8 часа по потреба, но не надминувајте четири дози за 24 часа. Tylol Hot е погоден за возрасни и деца над 12 години, нудејќи брзо олеснување за да можете да се вратите на вистинскиот пат.
Уживајте во освежителниот вкус на лимон кај овој топол напиток.
Неговата формулација е лесна и едноставна за подготвување и употреба – протресете, отворете ја ќесичката, растворете ја содржината во 160 ml топла вода, промешајте и испијте го растворот.
Растворете една ќесичка во топла вода, добро промешајте и пијте додека е топла. Може да се употребува на секои 6 часа по потреба. Препорачана максимална дневна доза е 4 ќесички. Тајлол Хот може да го користат возрасни и деца над 12 години.
Како да го употребите ТАЈЛОЛ ХОТ

- Состојките од секоја ќесичка треба да се растворат во 160 ml (= стандардна големина на чаша) топла вода и треба да се испијат веднаш без претходно да се чека
- Може да се администрира на секои 6 часа по потреба. Препорачана максимална дневна доза е 4 ќесички
Следете ги инструкциите освен ако вашиот лекар не ви препорачал поинаку. Прашајте го вашиот лекар или фармацевт доколку не сте сигурни. Вашиот лекар ќе ве информира за времетраењето на употребата на ТАЈЛОЛ ХОТ.
Ако имате впечаток дека ефектот на ТАЈЛОЛ ХОТ е премногу силен или премногу слаб посоветувајте се со вашиот лекар или фармацевт.
Педријатриска популација:
- Деца под 12 години можат да го користат ТАЈЛОЛ ХОТ само под надзор на лекар.
Посебни групи на пациенти:
- Пациенти со заболувања на црниот дроб и бубрезите можат да го користат ТАЈЛОЛ ХОТ само под надзор на лекар.
- Кај пациенти кои конзумираат алкохол, кај кои има ризик од хепатотоксичност, вкупната дневна доза на парацетамол не треба да биде поголема од 2 g.
Ако сте земале поголема доза од ТАЈЛОЛ ХОТ отколку што треба:
Ако сте земале поголема доза од ТАЈЛОЛ ХОТ отколку што треба, веднаш треба да се посоветивате со вашиот лекар или фармацевт, дури и ако се чувствувате добро. Ова се случува затоа што премногу парацетамол може да предизвика одложено, сериозно оштетување на црниот дроб. Одете до најблиската болница. Земете го лекот и упатството со вас.
Пред употреба, внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и за несаканите дејства на лекот, консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт.
ДРУГИ РЕШЕНИЈА
TYLOLHOT СЕМЕЈСТВО
